Новости

Прилеп инфо

Со касапскиот грав во манастирот „Свети Ѓорѓија“, заврши карневалот „Прочка 2019“

Со традиционалниот ручек во манастирот „Свети Ѓорѓија“ организиран од страна на „Прилепските мечкари“, заокружено е годинешното 18-то по ред издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2019“.

Покрај претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски на ручекот присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски, кој рече дека ручекот е последниот чин од 18.Меѓународен карневал „Прочка 2019“. Јованоски ја нагласи улогата на „Прилепските мечкари“ кои ги имаат најголемите заслуги за речиси дведецениската традиција на одржување на карневалот.

„Во петокот беа изложени над 1.000 маски изработени од учениците од прилепските училишта. Во саботата беше организиран детскиот карневал, а вчера беше финалето на „Прочка 2019“. Посебно признание сакам да му искажам на здружението „Прилепски мечкари“, кое секоја година го организира овој ручек. Сето она што во годините наназад го прават членовите на ова здружение заслужува почит и е за поздравување“, истакна градоначлникот Јованоски.

На ручекот со кој официјално почнуваат велигденските пости, присуствуваа околу 250 гости од Прилеп, меѓу кои и 40 члената група од Бугарија, која годинава беше дел од манифестацијата „Прочка 2019“.

GOLD
To Top