Новости

Прилеп инфо

Со мотор удрил во седумгодишно дете кое возело велосипед

Вчеравечер околу 20.00 часот на ул.„Блага Ружето“ во Прилеп, Н.Ј.(24) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во велосипед што го управувало седумгодишно дете од Прилеп.

Повреденото дете било пренесено во болницата во Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top