Новости

Прилеп инфо

Спектакуларен дочек на Новата 2017 година на градскиот плоштад во Прилеп

Прилеп е подготвен за дочекот на Новата 2017 година. И овојпат Општина Прилеп организираат богата целодневна, вечерна и пополноќна програма на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“.

Забавата на отворено, започнува од 12 часот со програма за најмладите, децата од градинките и училиштата заедно со јунаците од бајките од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, а потоа следуваат неповторливите „Нокаут“.

91d9181eed46cae2bdd98dbb4b024ac05c02d18995fc7a891fpimgpsh_fullsize_distrВечерната програма ќе започне во 22.30 часот со настапот на познатите музички имиња Белинда и Шило, а веднаш по спектакуларниот огномет, топлото вино и чајот следува настапот на популарното диџејско трио „The Mode“.

Богата програма за сите прилепчани за дочекот на Новата 2017 година.

– Заедничкиот пречек на новата година на плоштадот „Mетодија Андонов Ченто” е веќе традиција и ќе се потрудиме сите граѓани и нивните гости да се чувствуваат убаво со богатата програма. Тоа е и за сите кои не може да си дозволат да патуваат или во некои локали да ја пречекаат Новата година, изјави Ристески.

Бидете и вие дел од заедничкиот пречек на Новата 2017 година на градскиот плоштад „Методија Андонов Ченто“.

Евротип
Евротип
To Top