Новости

Прилеп инфо

Спортските обложувалници ЕВРОТИП и ГОЛД СЛОТ клубовите ја започнаа кампањата „ЕВРО донации за нашите најмили“ од Прилеп

Од Прилеп почна кампањата која ја спроведуваат спортските обложувалници ЕВРОТИП и ГОЛД СЛОТ клубовите што се однесува на помош на образовни институции. Донациите се состојат од реконструкција на санитарни чворови, промена на дограма, донирање на спортска опрема, набавка на котел за парно греење, санирање на покриви итн.

Конкретно, во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Прилеп се санирани санитарните чворови и се донира спортска опрема за потребите на училишната спортска сала.

Од сликите може да се увиди дека состојбата во која се наоѓале тоалетите е навистина ужасна, благодарение на ЕВРОТИП и ГОЛД СЛОТ клубовите тоа е само едно лошо минато.
„Сакаме да искажеме голема благодарност до двете општествено – одговорни компании кои самоиницијативно стапија во контакт со училиштето и ги прифатија сите наши барања. Навистина, ни претставува чест да соработуваме со ЕВРОТИП  и ГОЛД СЛОТ клубовите“ – изјави директорот на ООУ Зоран Сребреноски.

Дечињата од прво одделение после наставата имаа прилика да се запознаат со кловност Заги, кој навистина ги израдува и им приреди забава.

Во подрачното училиште на ООУ „Св. Климент Охридски“ во с.Мажучиште комплетно е променета дограмата со ПВЦ, која ги исполнува условите за енергетска ефикасност за заштеда на енергија.

Спортскитеобложувалници ЕВРОТИП и ГОЛД СЛОТ клубовите најавуваатдека и воиднинаќепродолжатсоистотемпо, со тоа што кампањата ќе ја опфати цела Македонија. Најпрво на донации и подобрени услови за образование на нашите најмили ќе се израдуваат во Битола, Велес и Струга.

GOLD
To Top