Новости

Прилеп инфо

Средношколец од Прилеп измисли медицински шприц уникатен во светски рамки

Повеќе коморен 100 посто безбеден и ефикасен Јандреев медицински шприц синоќа беше промовиран пред здравствени работници,граѓани и ветеринари од земјава.

Иновацијата е на 16 годишниот Сашо Јандрески ученик во втора година во прилепската гимназија Мирче Ацев.

На проектот со неколкумина професори експерти од Министерството за здравство и Медицинскиот факултет во Скопје, Јандрески работел 8 месеци.

Како волонтер во итната медицинска помош и црвениот крст овој млад генијалец дошол до идеја наместо стандардниот со мека еко и брзо разгадлива пластика да направи шприц кој целосно ги заштитува пациентите и медицинскиот персонал од хепатитите  Б и Ц и ХИВ вирусот.

-Со овој нов модел на шприц, здравствените работници целосно се заштитени од каква било зараза од Хепатит Б и Ц при давањето терапија. Заштитени се и ветеринарите, фармацевтите, лаборантите. Самиот шприц е достапен во два вида: од обична и од биоразградувачка пластика. Од тој аспект мислевме на заштитата на животната средина, па професорката по биологија Наташа Милеска Михајлоска од прилепското основно училиште „Климент Охридски” каде учев,  со мене неуморно работеше на сите истражувања, објаснува Јандрески.

Овој медицински шприц прв од ваков вид во светот  брзо, лесно и прецизно без проблеми би се користел и  во возилата на итната медицинска помош кога со голема брзина пренесуваат пациент кој се бори за живот но и во ургентните центри. Зашто со иновациите овозможува од најбрзата постапката за давање на лекот од минути а 20 секунди да се намали на 40 секунди со 100 постотна прецизност.

-Шприцот е компактибилен за секаков вид терапии: дермална, епидермална, мускулна и интравенозна.По инјектирањето на лекот, иглата се повлекува и навлегува во волуменската капсула, доаѓа до блокаторот кој го блокира целиот шприц. Шприцот е само за една употреба. За шприцот дојдов на идејата волонтирајќи во Службата за итна медицинска помош и во прилепската болница „Борка Талески” на педијатриското одделение. Идејата е да ги заштитам здравствените работници од Хепатит Б и Ц. Функционира под дејство на ротацијата на притисочната рачка.  Моето мото е дека иднината е во сите нас, сите да бидеме креативни, да создадеме нешто подобро за нашата држава, за целото општество, за целиот свет, вели Јандрески.

Новиот медицински шприц со посебни комори за иглата, за дезинфекционо средство и лекот има друга форма истиот е  патениран  е за еднократна употреба. А според првични информации за негова изработка  има интерес од странски компании.

GOLD
To Top