Новости

Прилеп инфо

Тешка сообраќајна несреќа во Прилепско – шест лица повредени

На 03.03.2019 во 18.30 часот на патот село Крушеани-село Обршани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(37) од Прилеп и патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(39) од село Беранци, општина Могила.

Со тешки телесни повреди се здобил М.П.(64), сопатник од возилото „Опел Астра“, а двајцата возачи и двајца сопатници М.Т.(32) и шестгодишно дете од другото возило се здобиле со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската болница во Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top