Новости

Прилеп инфо

Тешка сообраќајна несреќа во Прилеп – едно лице со тешки повреди

На 31.05.2019 во 22,20 часот во Прилеп на крстосницата од улиците „А.Македонски“, „Сотка Ѓорѓиоски“, „И.Л.Рибар“ и „Битолска“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Застава 750“ со прилепски регистарски ознаки,управувано од Љ.П. (60) од Прилеп и патничко моторно возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Т.. Љ.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top