Новости

Прилеп инфо

Тешка сообраќајна несреќа во Прилеп – едно лице повредено

На 08.12.2018 година во 17,30 часот било пријавено дека во Прилеп на раскрсницата од улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Спасе Темелкоски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Вектра“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Ф.А.(29) од с.Норово-крушевскo, и патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Г.К.(32) од с.Кадино Село–прилепско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ф.А. констатирани од страна на лекар од Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top