Новости

Прилеп инфо

Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Прилеп – едно лице со тешки повреди

На 06.10.2019 на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „БМВ” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(26) од Прилеп, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил совозачот С.Д.(48), додека возачот се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top