Новости

Прилеп инфо

Тешка сообраќајна несреќа на патот Крушево – Прилеп – сопатничка со тешки повреди

На 04.11.2019 во 08.50 часот на регионалниот пат Крушево – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес спринтер“, со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(52) од с.Алданци, крушевско, и патничко моторно возило „тико“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(67) од с.Кривогаштани, прилепско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „тико“, Љ.Б.(64) од с.Кривогаштани и била пренесена во Медицинскиот центар Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Крушево.

GOLD
To Top