Новости

Прилеп инфо

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола – прилепчанец тешко повреден

На 07.08.2019 во 21,15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, на место викано .„Бучила“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Цитроен“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Г.(57) од Радовиш, и патничко моторно возило „Сузуки Свифт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(31) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Г., а со телесни повреди се здобил Д.Б. по што биле пренесени во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top