Новости

Прилеп инфо

Турнир на ветерани во Прилеп во чест на Таста и Лара

Ракометните легенди на Прилеп, Петар Кузманоски-Таста и Влатко Коруноски-Лара кои починаа минатата година не се заборавени од нивните сограѓани, но и нивните наследници на ракометните терени. Во нивна чест денеска и утре на отвореното игралиште во Прилеп ќе биде организиран турнир „Таста-Лара“ на кој учество ќе земат екипи во чии редови ќе играат ветерани.

Тимовите во машка конкуренција се поделени во две групи. Во едната се: Борец, Млади ветерани Прилеп, Борац Урошевац и Македонија млади ветерани за која ќе играат Димовски, Алушовски, Мојсоски, Јовиќ… Во другата група се тимовите на Македонија ветерани во која ќе настапат Манасков, Кимевски… Југовиќ Кач, Куманово и Пелистер.

Кај дамите има пет екипи а таму ќе играат: Тут-Ком Прилеп, Богданци, Гевгелија и Војводина. За разлика од машкиот турнир каде што ќе има меч за 3. место и финале, кај дамите победникот ќе биде добиен по лига систем бидејќи секој ќе одигра по еден меч против секого.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПЕТОК, 31 МАЈ

13:00ч

БОРАЦ УРОШЕВАЦ – БОРЕЦ

13:30ч

ЈУГОВИЌ КАЧ – МАКЕДОНИЈА ВЕТЕРАНИ

14:00ч

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ

15:00ч

МЛАДИ ВЕТЕРАНИ ПРИЛЕП – МАКЕДОНИЈА МЛАДИ ВЕТЕРАНИ

15:30ч

ТУТ-КОМ ПРИЛЕП – ВОЈВОДИНА (ЖЕНИ)

16:00ч

БОРАЦ – МЛАДИ ВЕТЕРАНИ ПРИЛЕП

16:30ч

ЈУГОВИЌ КАЧ – КУМАНОВО

17:00ч

БОГДАНЦИ – ТУТ-КОМ ПРИЛЕП (ЖЕНИ)

17:30ч

МАКЕДОНИЈА ВЕТЕРАНИ – ПЕЛИСТЕР

18:00ч

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА МЛАДИ ВЕТЕРАНИ

18:30ч

КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР

САБОТА, 1 ЈУНИ

11:30ч

ГЕВГЕЛИЈА – ВОЈВОДИНА (ЖЕНИ)

12:00ч

ПЕЛИСТЕР – ЈУГОВИЌ КАЧ

12:30ч

ВОЈВОДИНА – БОГДАНЦИ (ЖЕНИ)

13:00ч

БОРЕЦ – МЛАДИ ВЕТЕРАНИ ПРИЛЕП

13:30ч

БОГДАНЦИ – ГЕВГЕЛИЈА (ЖЕНИ)

14:00ч

МАКЕДОНИЈА МЛАДИ ВЕТЕРАНИ – КУМАНОВО

14:30ч

ТУТ КОМ ПРИЛЕП – ГЕВГЕЛИЈА (ЖЕНИ)

15:00ч

БОРАЦ – МАКЕДОНИЈА МЛАДИ ВЕТЕРАНИ

16:00ч

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

16:30ч

ФИНАЛЕ

GOLD
To Top