Новости

Прилеп инфо

Ученици и наставници од Романија, Турција, Италија и Португалија ја посетија Општина Прилеп

ОУ “Гоце Делчев“ кое е домаќин на ученици и наставници на партнер училиштата од Романија, Турција, Италија и Португалија преку проектот “Социјална инклузија на обесправени ученици“, денеска ја посетија Општина Прилеп.

Станува збор за проект кој е дел од програмата на Еразмус+КА2 на Нациналната агенција за европски образовни програми и мобилност.

“Социјална инклузија на обесправени ученици” има за цел да развие пет методологии и стратегии како што се: соученичко учење, тимска и проектна настава, поддршка на подучувачки активности, развој на индивидуални способности кај децата кои имаат потенцијал во одредени предмети и меѓукултурна соработка на учениците од различни држави.

Преку проектот наставниците ќе добијат надградување во воспитно – образовниот процес.

GOLD
To Top