Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Во Прилеп одбележани 147 години од раѓањето на Гоце Делчев

Денеска се навршуваат 147 години од раѓањето на великанот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев.

По тој повод, делегација од Општина Прилеп положи свежо цвеќе на бистата на револуционерот во ООУ „Гоце Делчев“, на тој начин оддавајќи достоинствена почит на ликот и делото на Делчев.

Визионерот и идеолог на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, кој целиот свој живот го посветил на идејата за независна и самостојна Македонија, недвосмислено заслужува посебно место во
македонската историја.

 

GOLD
To Top