Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Во Прилеп одбележан патрониот празник на ОУ „Кочо Рацин“

Со свечена академија организирана во народниот тетар во Прилеп денеска беше одбележан патрониот празник на основното училиште „Кочо Рацин“ како и 62 годишнината од постоењето на училиштето. На свечената академија присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

„Им го честитам патронатот на ОУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, им посакувам уште поголеми успеси во иднина и на учениците и на вработените, да имаат многу здравје, успех и среќа и да им е честита Новата година и Божикните празници. Во иднина во ова училиште е предвидено да се изгради нова спортска сала, доградување на дворното место, нова фасада и реновирање на внатрешниот дел од училиштето, како и промена на инвентарот“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Чествувањето на празникот ученците го започнале уште утринава со организирање голем број на активности.

„Активностите започнаа уште од 9 часот утринава, имавме организирано литературно читање, спортски натревари, имавме натпревар по географија, потоа положивме свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов Ченто во центарот на Прилеп и на Паркот на Револуцијата и сега сме тука во театарот на оваа свечена академија“, рече Петре Крагуевски, директор на ОУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

GOLD
SN Finansii
To Top