Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Во Прилеп oдбележан Денот на независноста – „8-ми Септември“

Со положување на свежо цвеќе на спомениците на „Карпалак“, „Методија Андонов – Ченто“, „Ѓорче Петров“, „Кузман Јосифоски – Питу“, „Пере Тошев“, Алејата на Народните херои, споменикот Жена Борец и Могилата на Непобедените денеска во Прилеп свечено беше одбележан големиот национален празник „8-ми Септември“.

Свежо цвеќе положија делгации од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Марјан Ристески, Здружението на борци од рилеп, претставници на политичките партии, гражански Здруженија, како и Извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп.

Од Здружението на борци истакнаа дека треба да ја чуваме Македонија како што нашите предци се бореле и дека Прилеп достојно ги одбележува сите празници и треба да е благодарен што многу предци од овој град се бореле за зачувување на нашата државност и за зачувување на нашите граници.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, рече дека овој ден е најсветлиот датум во македонската историја бидејќи се реализирал сонот на многу генерации Македонци.

„Самостојна Македонија била сон на нашите прадедовци, дедовци, татковци, денес тоа е реалност, а суверенитетот и интегритетот на нашата држава треба да бидат приоритет на сите денешни генерации и аманет за сите идни генерации. Треба да бидеме единствени, да го осудиме секој оној кој ќе посака да го наруши тој суверенитет и унитарноста на Македонија и да го зачуваме она што е спечалено со крв векови наназад. Прилеп завзема особено место во нашата историја и во Илинденското востание и во Антифашистичката револуција и претходно низ вековите. Гордост е да се биде прилепчанец и Македонец денеска во слободна, независна и унитарна Македонија. И во оваа прилика на сите оние кои живеат во Македонија сакам да им го честитам овој голем празник. Нека е за многу години, да живее Република Македонија“, изјави Марјан Ристески.

GOLD
To Top