Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Градоначалникот Јованоски им го честиташе празникот на вработените во Полициската станица во Прилеп

Градоначалникот Илија Јованоски денеска ја посети Полициската станица во Прилеп за да им го честита денот на полицијата „7-ми Мај“. Во разговорот со командирот, Кире Спиркоски, градоначалникот Јованоски ја акцентираше оценката дека Прилепската станица треба да прерасне во Сектор за внатрешни работи, статус што ѝ одземен речиси пред деценија.

„Сакам да им го честитам празникот „7-ми Мај“, денот на полицијата.

Со својата професионалност и сериозност во работата, вработените во ПС Прилеп ќе продолжат понатаму со истиот успех, како и досега. Во овој момент сакам да посочам дека, Прилеп не заслужува да остане само Полициска станица, на Прилеп му е потребен Сектор за внатрешни работи, бидејќи тоа му е потребно на градот со огромни површини, со голем број жители.

Се надевам дека следената година, токму на овој ден ќе им го честитаме празникот, како Сектор за внатрешни работи“, посочи градоначалникот Јованоски.

 

GOLD
To Top