Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Градот под Марковите кули ќе стане горд на стадионот „Гоце Делчев“

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и „Хет трик 4“ програмата за развој, официјално ги започна активностите за изградба и реконструкција на нов, модерен и квалитетен фудбалски терен со природна трева, како и поставување на рефлекторско осветлување на стадионот „Гоце Делчев“, активности кои се дел од проектот за подобрување на фудбалската инфраструктура во општините во Македонија.

Според проектот во кој ФФМ ќе инвестира еден милион евра, прилепскиот стадион ќе има капацитет од 18.000 места, а ќе биде направен според сите критериуми на УЕФА за играње дури и на меѓународни натпревари.

Планирано е и хортикултурно уредување околу стадионот, како и изградба на паркинг простор. Исто така планирано е стадионот да добие нови трибини, нови соблекувални и осветлување за да може на него да се играат и ноќни натпревари.

GOLD
To Top