Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Денеска се одбележа Светскиот ден на лицата со Аутизам во Прилеп

Денес во просториите на социјалниот клуб на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака-Прилеп по повод 2ри Април-Светскиот ден на лицата со Аутизам во соработка со ООУ„Круме Волнароски” с. Тополчани, се реализира културно-уметничка програма со учениците од Прво до Петто одделение од ПОУ„Круме Волнароски” с. Галичани.

-Се собравме по повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Аутизам да изразиме подршка на лицата со Аутизам. Благодариме за соработката со ООУ”„Круме Волнароски” се надеваме на идна соработка како со ова училиште така и со останатите училишта во општинава и регионот – истакна претседателката ЦПЛИП Порака Емилија Котеска.

Корисниците беа задоволни можеше да ја забележиме насмевката на нивните лица. Учениците со задоволство прифатија соработка. Се надеваме дека ќе имаме и понатамошна соработка – изјави Каролина Подигачоска наставник во ООУ “КРУМЕ ВОЛНАРОСКИ”.

GOLD
To Top