Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Започна реконструкцијата на прилепскиот фудбалски стадион

Започна да се работи на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Вчера на стадионот можеше да се види присутна механизација, која изминатите денови започна да работи на инсталациите за поставување на осветлување на стадионот, при што ќе се постават столбови за рефлектори.

Од први јули, паралелно ќе се работи на теренот и дренажата, по што ќе следи целосна реконструкција на северната трибина, поставување на нови столчиња и нејзиното целосно покривање.

Според првичните инфорации работата на градскиот стадион во Прилеп стагнираше поради средување на имотно правната состојба, односно легализација на објектите. Стадионот претходно беше комплетна дивоградба за да после изработката на проектот, сега да се продолжи  со градежни активности до целосна негова реконструкција.

 

 

GOLD
To Top