Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Ротари клубот донираше 80 ќебиња за домот за стари лица во Прилеп

По повод празникот на градот 3-ти Ноември, Ротари клубот од Прилеп и
хотелот „Кристал Палас“ на домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник“, му подарија 80 нови ќебиња. Донацијата беше спроведена во рамки на хуманитарната акција организирана од прилепскиот Ротари клуб, кој
во повеќе наврати покажувал општествена одговорност.

Ротари клубот од Прилеп е познат по своите донации. Неодамна, на
прилепската болница „Борка Талески“ и донираа 44 електрични болнички
кревети и дополнителна медицинска опрема, чија вкупна вредност изнесуваше околу 40 илјади евра. Во повеќе наврати Ротари клубот донирал помош и за
други институции, меѓу кои и за градинките „Наша Иднина“.

Од тие причини, оваа година Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина
Прилеп, по повод Денот на ослободување на градот на Ротари клубот му додели плакета „3-ти Ноември“.

 

GOLD
To Top