ФОТО: Со еко-акција одбележан првиот „Ротари“ ден во Прилеп

Денеска „Ротари клубот“ од Прилеп се вклучи во големата Еко-акција која што е во организација на „Ротари Македонија“ и „Пакомак“.
Акцијата под мотото „Ракавици, кеса, селекција – сите во екоакција“ се одвиваше на Могилата на непобедените во Прилеп каде се започна со собирање и селекција на отпад.
Со оваа акција се одбележува првиот „Ротари“ ден во Македонија, а главната цел на ротаријанците е да се подигне свеста за чиста околина, селекција на отпадот и значењето да се има чист град, како и дружба на членовите на клубот меѓусебе и со сите активни граѓани кои ќе се вклучат на акцијата.
Денешната еко-акција се одвива паралелно во 13 градови во Македонија: Скопје, Велес, Кочани, Виница, Куманово, Тетово, Неготино, Штип, Прилеп, Кавадарци, Св.Николе, Битола и Охрид.
„Ротари Македонија“ е дел од глобална мрежа во која членуваат повеќе од 1,2 милион лидери, а чија визија е суштински да го унапреди човековото живеење во светот, преземјаќи акции во насока на ширење на мирот, борба против болести и епидемии, обезбедување на чиста вода, канализација и хигиена, заштита на мајките и децата, поддршка во образованието и пораст на локалната економија.
