Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Со пинг – понг одбележан Меѓународниот ден на спортот во центарот на Прилеп

Општина Прилеп, Македонскиот Олимписки комитет (МОК) заедно со Пинг – понг Федерација на Македонија (ППФМ), а во соработка со ППК „Младост 96“ на плоштадот „Методија Андонов Ченто”, денеска во периодот од 10:30 до 14:00 часот, по втор пат го организираа настанот по повод Светскиот ден на спортот . Градоначалникот Илија Јованоски го поздрави денешниот Светски ден на спортот, посочувајќи дека Општина Прилеп секогаш ќе стои во поддршка на спортот и спортските настани.

„Сакам на сите спортисти да им го честитам светскиот ден на спортот, да ви посакам многу трофеи да носите во нашиот град и надвор од нашата земја. На пингпонгарите во Прилеп сакам да им честитам и да им посакам многу успех бидејќи ги има од сите генерации. Ние како локална самоуправа и јас како градоначалник и понатаму ќе им даваме неизмерна подршка. Спортот и физичката активност се бренд во модерниот свет, затоа упатувам апел до сите млади да се дружат и да спортуваат, посочи градоначалникот Илија Јованоски.

На самиот настан присуствуваше и Претседателот на МОК г-дин Васил Тупурковски, членови на ППФМ и огромен број на дечиња и љубители на пинг понгот од сите возрасти од градот Прилеп.

„Ги поздравувам учесниците на овој прекрасен спортски настан денеска во Прилеп. Ова е заслужено бидејќи Прилеп е континуирано во центарот на пинг- понгот во Македонија. Му благодарам на градоначалникот Илија Јованоски за поддршката на овие мали спортови која е многу битна за нивниот развој, а ако се развие спортот ќе се решаваат дури и здравствените проблеми на младите и децата во Р. Македонија. Го поздравувам овој битен спортски настан бидејќи е дел од олимпиското семејство што слави денеска, истакна Васил Тупурковски.

Ова е уште еден убав начин да се одбележи денот на спортот. Прилеп не случајно е избран да биде дел од ваков голем настан, бидејќи токму Прилеп важи за центар на пинг – понгот во Р. Македонија, посочува Златко Рикалоски, потпретседател на пинг- понгарска Федерација на Македонија.

„Пинг-понгарска Федерација на Македонија заедно со ППК „Младост 96“ по втор пат организира настан со мото „Меѓународен ден – ден на спортот“, поточно меѓународен ден на пинг- понгот. Прилеп не случајно е избран да се организира овој настан, бидејќи токму Прилеп важи за центар на пинг – понгот во Р. Македонија. Од Прилеп се излезени голем број на познати имиња во пинг – понгот кои со успех настапувале во своите клубови, го претставувале градот

и нашата земја. Светската пингпонгарска организација е промотор, а оваа година денешниот настан се одбележува точно во 89 земји“, истакна Златко Рикалоски, потпретседател на пинг- понгарска Федерација на Македонија.

Генералното Собрание на Обединетите Нации на 23 Август 2013 година, усвои Резолуција со која 6 Април се прогласува за Меѓународен ден на спортот за развој и мир. По тој повод, целото олимписко и спортско семејство, но и сите држави во светот, го посветуват односно го слават овој ден на Спортот за развој и мир и низ целиот свет се организираат вакви и слични спортски, културни и уметнички манифестации.

GOLD
To Top