Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Средби со старите и изнемоштени лица и со пензионерите

Пред почетокот на Новогодишните и Божиќните празници градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески ги посети старите и изнемоштени лица кои се згрижени во домот „Киро Крстески – Платник“ како и пензионерите.

„Денеска дојдовме да им ја честитаме Новата година и Божиќните празници, да им посакаме многу здравје, среќа и  безгрижни пензинерски денови, посочи градоначалникот во својата изјава.

Градоначалникот Ристески исто така посочи дека во Новата година домот „Киро Крстески – Платник“ ќе ги подобри условите за живеење и престој на старите лица во установата „Киро Крстевски – Платник“, а пензионерите ќе добијат уште два нови пензионерски клуба.

На средбата старите и изнемоштени лица и пензионерите, добија новогодишен календар од општина Прилеп.

Евротип
Евротип
To Top