Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Три дена Меѓународно рели со џипови „Macedonian Trophy“ во Прилеп

По трет пат денеска започна овогодинешното Меѓународно рели со џипови „Macedonian Trophy“ во Прилеп.

Со собирање во центарот на градот околу 250 учесници од Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Косово, Македонија и најмногубројните од Бугарија се упатија заедно кон официјалниот старт на полигонот за екстремни спортови во Старо Лагово.

Оваа година се возат три дена каде што овојпат имаме и ноќна етапа.

– „Macedonian Trophy“ по трет пат го одржуваме во нашиот град, настан кој е единствен од ваков карактер во Македонија. Оваа година се возат три дена со тоа што денешниот ден го започнуваме во 19 часот ноќна етапа која се вози по road book. Во таа ноќна етапа има околу 4-5 тешко поминиливи терени (специјали) кои во најкраток временски период треба да ги совладаат. Вториот ден е предвиден да се вози исто по патна книга која е предвидена да се вози од старо Лагово околу 60км и се околу 8-9 специјали кои се доста тешки, додека во неделата е затворена траса која ќе се одржи на теренот во Старо Лагово, таму е и најдобро за публиката за секој кој сака да види нешто ново во нашиот град. – истакна организаторот Панчо Чупаркоски.

Натпреварувањата на третото по ред „Macedonian trophy“ утре продолжуваат на трасата од 60км која започнува од Старо Лагово, а третиот ден (недела) продолжува на затворената трка на полигонот за екстремни спортови кај прилепско Старо Лагово.

GOLD
To Top