Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ со силни пораки против насилството врз жените и девојките

Денеска во дворот на СОУ„Ѓорче Петров“ во Прилеп се одржа перформанс по повод Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и девојките.

Учениците од ова училиште под мотото „Со срце за секоја една“ заедно со своите стручни наставници се вклучија во камањата за стоп на насилството кој што започна на 25ти ноември, а завршува на 10ти декември.

Како училиште ја даваме нашата поддршка во портокалова боја против насилството на жените и девојките.

-„Целта на ова вклучување во кампањата „Со срце за секоја една“  беше покрај ние како образвона установа имаме и воспитна дејност. Целта беше да се подигне свеста кај учениците, за прекршување на едно од основните човекови права затоа што 25 ноември е Меѓународен ден за борба против насилство на жените и девојките. Статистиката покажува дека една од секоја трета жена се жртви на насилство, 7% од жените се силувани и катастрофален е податокот заради тоа што насилниците се од нивните најблиски. Затоа застанавме како училиште да дадеме поддршка во портокалова боја, се со цел учениците да го препознаат насилството, да се запознаат со тоа каде да го пријават насилството, а воедно и да кажат ‘СТОП’ за насилството“, посочи Петра Лукароска, професор по стручни предмети во СОУ „Ѓорче Петров“.

Полициската станица во Прилеп во текот на оваа, 2017 година до Меѓуопштинскиот центар за социјална работа доставила 252 известувања за пријави за семејно насилство. Но, стручениот тим на центарот, досега констатирал дека околу 130 пријави од нив, се за семејно насилство.

„Има зголемување на семејното насилство во Прилеп во однос на лани, а зголемувањето се базира на подигнување на свеста кај граѓаните да ги пријавуваат овие случаи во полиција, од каде што ние добиваме известувања. Шелтер центар за жртви на семејно насилство во Прилеп нема. На жртвите им се нуди сместување во други вакви центри во Македонија, но најчесто тие одбиваат и се сместуваат кај свои роднини или пријатели, бидејќи работат во Прилеп и тука им учат нивните деца“, посочи Јасминка Митреска, дипломиран социјален работник во центарот.

Европската комисија по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и девојките, упатува јасна порака во која се посочува дека „жртвите на насилство често не го пријавуваат нападот“.

„Сведоците понекогаш одбиваат да преземат нешто. Заедно мора да го запреме тоа и да ги искорениме стереотипите, коишто ги потценуваат женските гласови и да покажеме дека насилството врз жените е неприфатливо и нема да се толерира од никого“, стои во соопштението на Европската комисија.

GOLD
To Top