Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп одржаа едукативна работилница за денот против дијабетот

Денеска по повод 14-ти Ноември – Светскиот ден за борба против дијабетот во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп се одржа едукативна работилница со учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп од здраствена струка – медицинска сестра заедно со нивните стручни наставници Наташа Ванчева, Ленче Д.Јованоска, Валентина Дамеска и Мира Груевска.

-Ние секоја година традиционално спроведуваме активности по повод 14ти Ноември, но ова е втор пат во Градската Библиотека. Учениците сами ја изготвија презентацијата, а задоволството на присутните беше големо зошто можеа да видат и да почувствуваат како работат нивните деца, внуци и пријатели. Одзивот беше солиден. – истакна Наташа Ванчева, стручна инструкторка.

Имено учениците поделија брошури на присутните, спроведија едукативно предавање како и можеа да измерат шеќер во крвта и мерење на крвниот притисок.

Здравствената струка секоја година активно учествува во одбележувањето на Светските денови поврзани со медицината.

 

GOLD
To Top