Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Финишираат подготовките за овогодинешниот Пиво Фест 2018 во Прилеп

Општина Прилеп и агенцијата „Ентфинити“ ги привршуваат подготовките за почетокот на годинешното 16-то издание на „Пивофест“, кое започнува утре 12ти јули и ќе трае до недела 15ти.

Координативното тело кое се грижи за безбедноста на учесниците и посетителите на „Пивофест 2018“, а во кое има претставници на локалната самоуправа, Полициската станица – Прилеп, службата за Итна медицинска помош, Територијалната противпожарна единица, Агенцијата за храна, Центарот за управување со кризи, јавните комунални претпријатија и други институции, во континуитет одржува состаноци, a ќе биде активно се’ до завршувањето на фестивалот на пивото и скарата.

Од вчера центарот на Прилеп на големо се подготвува каде се монтираат и штандовите, поради што булеварот „Гоце Делчев“ до раскрсницата пред ЦК „Марко Цепенков“ до некогашната Градска кафеана, во следните 7 денови ќе биде затворен за сообраќај.

За посетителите од другите градови, на Паркот на револуцијата ќе биде организирано кампување и за сите нив ќе има појадок и топли напитоци, а ќе бидат обезбедени и туш кабини. ЈП ПУП ќе се грижи за паркирањето на возилата, кое од досегашните 100 денари, е намалено на 50 денари за еден ден.

Што се однесува до музичкиот дел, програмата е утврдена и таа, како што велат од „Ентфинити“, гарантира одлична забава за сите посетители, независно од нивната возраст и музички афинитети.

GOLD
To Top