Новости

Прилеп инфо

Четворица Авганистанци пронајдени во камион во Прилеп

На 18.12.2018 година околу 15,00 часот во Прилеп, во круг на фабрика при растовар на товарно моторно возило „ДАФ“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Ч.М.(49) од Гевгелија биле пронајдени четири државјани на Авганистан.

Во извршениот разговор со возачот тој кажал дека камионот го товарил во Бурса – Р.Турција, и на 15.12.2018 година го однел на царина во Бурса, и додека бил на царина и ги извршувал царинските формалности, камионот не бил пломбиран.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Државјаните на Авганистан ќе бидат упатени во ПТЦ „Винојуг“-Гевгелија.

GOLD
To Top