Новости

Прилеп инфо

Акциска контрола во Прилеп: Пијани малолетници во угостителски објекти

При акциската контрола во саботата, од полноќ до три часот изутрината, во угостителските објекти во Прилеп, полицијата затекнала 24 малолетници. Седум од нив биле под дејство на алкохол.

Од СВР Битола информираат дека малолетниците се предадени на нивните родители, а по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Контролите на полицијата продолжуваат за да се превенираат или спречат девијантните појави, особенокога се во прашање малолетниците.

Евротип
SNBROKER
To Top