Новости

Прилеп инфо

Акциска контрола во Прилеп: Приведени три лица, 19 санкционирани возачи

Во текот на изминатата вечер, од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите лишени од слобода се три лица. При преглед кај едното лице била пронајдена марихуана, додека кај останатите две лица пронајден е кокаин. Против лицата ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 19 возачи, од кои 13 се исклучени од сообраќај.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Евротип
SNBROKER
To Top