Новости

Прилеп инфо

Акциска контрола во Прилеп, приведени четири лица,16 казнети возачи

Во текот на изминатата вечер (25/26.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп, информираат од МВР.

-За време на контролите четири лица се лишени од слобода, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана и против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик. Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 16 возачи, од кои 13 возачи се исклучени од сообраќај. Од нив, 11 возачи управувале возила под дејство на алкохол, 15 управувале возило без важечка возачка дозвола.Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од министерството.

Евротип
SNBROKER
To Top