Новости

Прилеп инфо

Видео од несреќата во центарот на Прилеп

На социјалните мрежи излезе видео од вчерашната сообраќајка во центарот на Прилеп.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од А.М.(24) од Прилеп и возило „опел зафира“, управувано од А.Т.(45) од Прилеп.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп – информираат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top