Новости

Прилеп инфо

Возило излетало од коловозот на патот Прилеп-Битола – две лица повредени

На 24.02.2021 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, во атар на с.Алинци, Д.И.(44) од Битола, управувајќи патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во незгодата, возачот и сопатникот В.Р.(38) од Битола се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на Полициската станица Прилеп.
GOLD
To Top