Новости

Прилеп инфо

Во Прилепската библиотека одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право

Вечерва во библиотеката „Борка Талески“ беше одбележан Денот на книгата и авторското право – 23 Април. Пред присутните читатели и гости, д-р Наде Караџоска, говореше за значењето на книгата и нејзината улога во развојот на човекот, а Претседателот на ДНУ – Прилеп, Силвана Пашоска, истакна дека овој ден е можност, да посветиме внимание на книгите и авторите, при тоа поттикнувајќи ги сите, особено младите луѓе, да уживаат во пишаниот збор и да покажат почит кон незаменливиот придонес на оние кои го стимулираат социјалниот и културниот развој на човештвото.

Директорот на библиотекта, Петар Петрески, пренесувајќи ја македонската порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, од д-р Иван Џепаровски, нагласи дека книгата е меморија на знаењето и дека таа ја има улогата на создавањето на современите цивилизации, при тоа укажувајќи на важноста на книгите, на библиотеките, како и на “меморијата која во овие светилишта на зборот суверено владее во име на бесмртните автори“.

Актерот, Игор Трпчески при оваа прилика ја прочитаа Светската порака од Ирена Бокова, од УНЕСКО, во која визијата за општество засновано на инклузивно знаење, плуралистичко, праведно и отворено за учество на сите граѓани вели : – Хуманоста на едно општество се мери со степенот на грижата кон најранливите категории. Ако тоа се однесува за достапноста на книгите за лицата со оштетен вид, на оние со потешкотии во учењето или пак на оние со физички пречки, од различни причини, ќе се соочиме со фактот што слободно може да се нарече „глад за книгите“, – стои во порката на Ирена Бокова, од УНЕСКО.

Во чест на одбележувањето на 23 –ти Април, Светскиот ден на книгата и авторското право, посетителите на настанот добија цвет и книга, според стариот каталонски обичај од каде потекнува идејата и традицијата за одбележување на овој ден.

Инаку, УНЕСКО одлучи првпат во 1995 година 23 април да им го посвети на книгите и авторите, земен како повод, бидејќи, на тој ден во 1616 година починале двајцата великани на светската книжевност Мигуел де Сервантес и Вилијам Шекспир.

GOLD
SN Finansii
To Top