Новости

Прилеп инфо

Во Прилеп до пладне гласале 32 проценти од вкупно запишаните бирачи

63 илјади и 436 гласачи имаат можност на 141 избирачко место во општина Прилеп да изберат еден од 5 кандидаати за градоначалници.

Но и 27 членови на совет од 8 кандидатски листи. До попладнево гласале 32 одсто од вкупно запишаните бирачи или 2 посто помалку од предходните локални избори.

Излезноста се очекува да се зголеми час два пред затворање на избирачките места тврдат познавачите на изборните циклуси во овој град. Граѓаните пак по традиција очекуваат решавање на проблемот со невработеноста.Подобра инфраструкура,поголема хигирна и брзо решавање на проблемот со паркинг места во центарот на градот.

Од општинската изборна комисија велат дека ниту една забелешка или пропуст нема пристигнато до нив. Единствен проблем кој одзема време дополнителен ангажман е функционирањето на биометриските апарати на гласачките места.

Очекувањата на избирачите на избирачките одбори и на учесниците на овие избори се дека процесот ќе заврши без проблем.Зашто покрај другите него го следат и поголем број на набљудувачи.

Евротип
Евротип
To Top