Новости

Прилеп инфо

Во сообраќајка повреден малолетен велосипедист кај Црнилиште

Од СВР Битола информираат дека на 19.08.2021 во 18.10 часот на пат во с.Црнилиште, прилепско, патничко возило „рено меган“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(48) од Скопје удрило во малолетен велосипедист од с.Црнилиште. По незгодата велосипедистот е пренесен во Градска болница –Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила увидна екипа на полициска станица Прилеп.

Евротип
Евротип
To Top