Новости

Прилеп инфо

Градоначалникот, Илија Јованоски, позитивен на Ковид 19

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски е позитивен на Ковид 19. Ова тој предмалку го соопшти на својот ФБ профил.

„Дозволете да ве информирам дека синоќа добив позитивен резултат на тестот за Ковид-19, којшто го направив во текот на вчерашниот ден, веднаш откако се посомневав на првични симптоми на коронавирусот. Моментално сум во домашна изолација, со лесни симптоми на вирусот.
Од почетокот на пандемијата, како градоначалник и како шеф на Општинскиот кризен штаб, ги преземам и иницирам сите неопходни мерки за заштита на колективното здравје на граѓаните. Притоа, водејќи максимална грижа за заштита на личното здравје, здравјето на моите најблиски и на сите оние со кои сум во перманентна работна комуникација и интеракција. Таквиот начин на функционирање стана мое секојдневие, во континуитет, пред, за време и после периодот додека волонтирав во Инфективното одделение во прилепската болница. Но, како што се покажа, вирусот Ковид-19 е непредвидлив и лесно пренослив, особено новиот „британски“ сој, кој за жал го има во нашиот град. Затоа, апелирам на максимално и строго почитување на мерките за заштита. Носете заштитни маски, одржувајте физичка дистанца, вршете честа дезинфекција на рацете и работните површини. Само на тој начин, со заеднички напори ќе го победиме ова зло и ќе излеземе посилни“, вели во својот статус Јованоски.” – стои во соопштението на Фејсбук профилот.

GOLD
To Top