Новости

Прилеп инфо

Градоначалникот Јованоски од денеска како волонтер во Инфективното одделение во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски, се пријави да помага како волонтер во Инфективното одделение во градот. Лекарот од денеска  ќе ја даде својата поддршка против пандемијата во Општата болница „Борка Талески“ Прилеп.

-„Како волонтер ќе бидам секојдневно присутен во Инфективното одделение и како доктор со долгогодишно искуство, ќе им помагам на колегите и пациентите во справувањето со коронавирусот. Тоа ќе го правам се’ додека има потреба од дополнителен медицински персонал и согласно развојот на ситуацијата со вирусот. Свесен сум дека припаѓам во ризичната група на граѓани, над 60 годишна возраст, кај кои се поголеми шансите да заболат и да развијат потешки компликации од вирусот, но како лекар кој ја положил Хипократовата заклетва, одлучив да застанам рамо до рамо со моите колеги доктори, на кои во овие исклучително тешки моменти им е потребна секојдневна помош во битката за спасување на човечки животи“, рече Јовановски.

Тој додаде дека неговиот личен пример треба да биде поттик за сите лекари, доктори специјалисти, сестри од матичните амбуланти, болничари и друг медицински персонал, да се вклучат и согласно нивното слободно време, волонтерски да им помогнат на колегите од прилепската болница во борбата со вирусот.

-„Истовремено, ги уверувам граѓаните дека со мојот ангажман во Инфективното одделение, нема да запрат моите работни активности како градоначалник на општината. Своето време ќе го организирам во насока на обезбедување континуитет во работата на локалната самоуправа“, додаде Јовановски.

GOLD
To Top