Новости

Прилеп инфо

Двајца новозаболени лица во Прилеп, едно лице оздравело

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, петок 10-ти јули:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 2 случаја на заболени од коронавирус, а еден пациент оздравел од заразната болест. По еден новозаболен од Ковид-19 има во општините Крушево и Македонски Брод;

Бројот на активни случаи изнесува 59, од кои 44 се наоаѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување;

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 14 лица позитивни на коронавирус;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат вкупно 87 лица.

GOLD
To Top