Новости

Прилеп инфо

Две лица осомничени за убиство на пензионерот во Прилеп

Две лица се приведени и се осомничени за убиство на 65-годишниот пензионер од Могила кој беше пронајден мртов во стан во Прилеп каде живееше како потстанар.

Со оглед дека на телото на В.М. беа пронајдени траги на насилна смрт, беа обезбедени оперативни сознанија за можни извршители на кривичното дело. Притоа осомничени се две лица како можни сторители на кривично правниот настан и за истите беше распишан распис во координација со други СВР-а истите се пронајдени и приведени во ПС-Кавадарци.

Станува збор за лицата С.М. (32) и В.М.(33) и двајцата од Прилеп коишто целосно го признаа извршувањето на кривичното дело – “убиство“, кое што е извршено на 27 минатиот месец. Според документираните сознанија, осомничените со жртвата подолго време се познавале и во повеќе наврати го посетувале неговиот дом,така што критичниот ден заедно влегле во домот откога претходно купиле алкохол и потоа заедно конзумирале.

Првоосомничениот, откога побарал одредена сума на пари од жртвата а не ги добил од кујната зел кујнски нож и без да биде заприметен ја прободел жртвата во задниот дел во пределот на бубрегот,при што жртвата се завртила кон него и притоа уште еднаш бил прободен во пределот на градите и паднал на подот. Второосомничениот цело време била присутна за време на извршувањето на кривичното дело.

Откога го извршиле кривичното дело од џебот на панталоните го одзеле мобилниот телефон на жртвата како и телевизорот од станот притоа земајќи го клучот од станот, го заклучиле и се дале во бегство.

Од страна на увидна екипа подигнати се поголем број на биолошки,хемиски и дактилоскопски траги и со наредба на ЈО се испратени на вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ.

Од страна на ПС Прилеп против двајцата осомничени до ЈО поднесе кривична пријава по чл.123 од КЗ.

GOLD
To Top