Новости

Прилеп инфо

Денеска нема нови заболени лица во Прилеп, активни се 27 случаи

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 8 јуни:

Во општина Прилеп денеска нема регистрирано нови случаи на заболени и оздравени од коронавирус;

Бројот на активни случаи изнесува 27, од кои 21 лице се наоаѓа на домашно, а 6 на болничко лекување;

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се две лица позитивни на коронавирус, додека на две лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултати;

GOLD
To Top