Денес едно новозаболено лице во Прилеп, 3 лица оздравеле и едно лице починато

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 21 септември:
Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден нов случај на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 3 лица;
Бројот на активни случаи изнесува 124, од кои 104 се наоѓаат на домашно, а 20 на болничко лекување;
Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 64-годишна возраст;
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 198 лица;
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 601.
