Новости

Прилеп инфо

Денес нема новозаболени лица во Прилеп, оздравеле 4 лица

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 6-ти јули:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема новозаболени од коронавирус, а четворица оздравеле од заразната болест;

Бројот на активни случаи изнесува 51, од кои 41 се наоаѓаат на домашно, а 10 на болничко лекување;

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека вкупниот број на инфицирани лица од почетокот на пандемијата во општина Прилеп изнесува 281, а како последица од коронавирусот починале 20 лица.

Од почетокот на пандемијата во општина Крушево регистрирани се 7 случаи на КОВИД-19. Бројот на активни случаи изнесува 3, од кои двајца се наоѓаат на домашно и еден на болничко лекување, а две лица починале;

Во општина Македонски Брод, 6 лица се позитивни на коронавирус. Во моментов има 3 активни случаи, од нив двајца се на домашно а еден на болничко лекување.

GOLD
To Top