Денес 2 нови случаи на Ковид – 19 во Прилеп, 8 лица оздравеле, активни се 125 случаи

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 29-ти септември:
Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 2 нови случаи на коронавирус, а 8 лица оздравеле од заразната болест;
Бројот на активни случаи изнесува 125, од кои 94 се наоѓаат на домашно, а 31 на болничко лекување;
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 269 лица;
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 673.
