Новости

Прилеп инфо

Денес 6 новозаболени лица во Прилеп, едно лице починато и 6 оздравени

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник,19-ти октомври:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 6 нови случаи на коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест и едно починато лице на 63 – годишна возраст.

Бројот на активни случаи изнесува 226, од кои 192 се наоѓаат на домашно, а 34 на болничко лекување;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 574 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 931.

GOLD
To Top