Новости

Прилеп инфо

Детали за вчерашниот инцидент: Приведен ловџијата од Прилеп кој застрела колега од ловната група

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште, за време на лов, 25-годишниот Ѓ.К. од Прилеп бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од ловната група.

Околу 14.55 часот од екипа на брзата помош било констатирано дека 25-годишникот им подлегнал на повредите. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Во врска со инцидентот кој се случил додека пријатели ловеле диви свињи, уапсен е С.П. (50) од Прилеп, кој бил приведен во полициска станица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top