Д-р Борче Јовчески кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп

Докторот Борче Јовчески ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори, објави пратеникот Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил.
Милошоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе ги официјализира кандидатите за градоначалници во 45 општини, а дел од нив партијата ќе ги објави во август.
