Новости

Прилеп инфо

Еден новозаболен и четири лица оздравени во Прилеп

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 20-ти јули:

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп едно лице заболело, а четворица оздравеле од коронавирусот;

Бројот на активни случаи изнесува 59, од кои 41 се наоаѓаат на домашно, а 18 лица на болничко лекување;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата е 312;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 92 лица.

GOLD
To Top