Новости

Прилеп инфо

Жена се породи под мост во Прилеп

Несекојдневен настан се случил вчеравечер во Прилеп, кога жена се породила под мостот на улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп. Како што пренесува „Маркукуле“, екипи на брзата помош и противожарната екипа интервенирале на терен и успеале бебето и жената да ги извадат надвор од речното корито.

Според пишувањата на очевидци на социјалните мрежи, жената била од ромска националност и извесно време живеела токму под мостот, а и помагале жителите од околните згради.

Жената до последно работела и се борела да обезбеди храна за да се прехрани.

Очевидци на настанот велат дека бебето и жената биле однесени со возило на брзата помош.

Евротип
Евротип
To Top